Најдебелото дете во светот најпосле успеало да се врати на училиште откако успеало да ослабне доволно за да може да оди. 10-годишниот Арја Пермана од Индонезија бил подложен на строга диета од страна на неговата мајка откако надминал 200 килограми. Детето било толку дебело, што поголемиот дел од денот го минувало во лежење и не можел да оди, да седи или да си игра повеќе од неколку минути, поради што морал да напушти училиштето.

дт01

Постојано гладното дете конзумирало повеќе од пет оброци дневно кои се состоеле од ориз, риба, говедско и соја – доволно за да се нахранат две возрасни личности. Неговиот постојан растеж толку многу ги загрижил неговите родители што го ставиле на строга диета со надеж дека ќе престане да се дебелее.

дт02

Но, по совет на стручни лица, новата и поздрава диета во комбинација со строг режим на вежбање му помогнале на детето да ослабне пет килограми за само неколку недели. Сега тој не само што може да седи, туку и да оди до училиште и да си игра со своите соученици.

дт03

„Неверојатно сум среќен“, вели Арја. „Не можам да ја изразам среќата со зборови. Толку е убаво чувството пак да сум на училиште. Сите ме сакаат тука. Учителите се однесуваат убаво со мене, запознав многу нови другари и сите се многу добри со мене. Исто така и си играм со нив, многу е забавно.“

дт07

Сега Арја се храни здраво, оди по шест минути на секои неколку часа, крева тегови и плива секој ден. Д-р Ниа Нантиа, дитетичарот на Арја вели: „Дизајниравме диета и програма за активност за него. Го препорачавме тоа на неговото семејство пред еден месец. Ја намаливме неговата исхрана и ја зголемивме неговата физичка активност, а исто така го регулиравме и неговиот начин на спиење.“

дт10

Родителите на Арја сега се надеваат дека нивниот син ќе може да се врати на нормална, здрава тежина.

Сподели на Facebook
пати видено