Некогаш многу одамна, еден човек бил осуден на смрт од страна на кралот. За да се спаси го молел кралот на колена да му прости и да го помилува. Му ветил на кралот дека ако не го убие за една година ќе направи неговиот коњ да лета. Кралот размислувал и одлучил да му даде една година рок, но му рекол дека ако не го стори тоа дека ќе го убие кога ќе помине една година.

Подоцна членовите на семејството на оној кој бил осуден го запрашале како може да се надева дека ќе го натера коњот да лета. Човекот одговорил: – За една година можеби ќе умре кралот, можеби ќе умре коњот или ќе умрам јас, а пак на крајот можеби тој коњ и навистина ќе полета.

Наравоучение: Се додека има надеж ни најголемото страдање не може да го уништи човекот, зошто надежта секогаш не одржува, не поттикнува и ни кажува дека утре ќе биде подобро. Дури и оние кои што немаат ништо можат да имаат надеж, а кога имаат надеж, тогаш имаат се.

Сподели на Facebook
пати видено