На девојка од Калифорнија која по силувањето долго страдала од нарушување на пост-травматски стрес и анорексија животот и го спасиле никој друг туку – волци. Сара Валри имала деветнаесет години кога била нападната од луѓе и од тогаш ја опседнувале најразлични стравови, а поради стравот од повраќање јадела само три зрна грозје и три ореви дневно. Изгубила околу петнаесет килограми за пет месеци и била толку слаба што нејзиното семејство се плашело дека ќе умре.

vc01

Сара, која денес има осумнаесет години, вели дека ја спасило тоа што почнала да минува осум часа дневно со глутница волци и мелези на волци и кучиња.

„Не знам дали денес би била овде да не беа волците. Се обидував со сѐ да ја затапам болката. Се плашев од сѐ и еден ден кога влегов во ограден дел со еден волк, мојот мозок за првпат замолча. Кога сте со предатор кој може да ве повреди, вашиот мозок автоматски се фокусира на тоа. Наместо милионите замислени закани со кои се борев, се фокусирав на таа една и бев присутна во секој миг“, раскажува Сара.

vc02

Таа вели дека имало мигови кога била многу исплашена, но набргу се ослободила од стравот и се спријателила со животните.

„Волците се моќни животни и ако нешто ги налути или правиш нешто што не им се допаѓа, тие ќе ти го стават тоа до знаење. Но, тоа ниво на страв ми овозможи пак да почнам да чувствува. Пред тоа се плашев од сѐ, но кога сум со волците имам реална причина за страв и сум полна со почит кон нив. Тоа почитување и потребата да бидам тука, во реалноста, многу ми помогнаа. Ми овозможија да ја превземам моќта над травматските случувања во мојот живот и ми помогнаа да се излечам. Благодарна сум им на животните и се чувствувам среќна.“

vc03

Сподели на Facebook
пати видено