Секој пар сака нивната свадба да биде за паметење, но овој пар решил да ги надмине границите и да направи уникатна свадба. Џејмс Сисом, 35 години и 32-годишната Ешли Сшмиедер, од Калифорнија, поминале илјадници километри само за да го кажат судбоносното ДА, на Монт Еверест.

Авантуристичките младенци го планирале патувањето една година и тие ги надминале ниските температури и исцрпувачки терен, се до базниот камп на Еверест, каде што ги размениле заветите, на височина од 5.200 метри.

Ешли вели: „По многу размислување сфативме дека традиционалната свадба не е за нас. Колку и да сакаме нашиот најубав ден да го споделиме со пријателите и семејството, сепак бевме привлечени од идејата да избегаме на едно вакво неверојатно патување.“

Иако церемонијата е неконвенционална, двојката сакала да внесе и малку традиција и поради тоа Ешли облекла бела венчаница, а Џејм е во црн костум.

Сподели на Facebook
пати видено