Легендите околу Ернест Хемингвеј можат да бидат исто толку интересни колку и „сценаријата“ во неговите романи. „На продажба: Бебешки чевли. Никогаш носени“. Тоа е приказна толку кратка што би можела да се вклопи во наслов, но таа резонира со длабочина и трагедија. Овој конкретен цитат, наводно со потекло од 1920-тите, служи како потврда за извонредниот талент и остроумност на Хемингвеј. Единствениот проблем е што, Хемингвеј веројатно никогаш не ја напишал.

Оваа конкретна приказна се верува дека е напишана на салфетка во ресторанот Luchow во Менхетен, додека друга верзија на приказната тврди дека била составена во хотелот Алгонкин, каде што кругот на интелектуалци од Њујорк (познат како кругот на Алгонкин) уживале во дискусиите и пиењето за време на ручек. Ова се само некои од претпоставките за легендарната приказна.

Наводно, приказната била резултат на облог од $ 10 меѓу Хемингвеј и неколку писатели на ручекот зачинет со игра на зборови. Хемингвеј побарал од колегите секој да стави на масата по 10 долари, а ако тој не успее ќе му врати на секој од нив толку пари колку што имало на масата. Неговата задача била да ја создаде најкратката приказна.

Многу луѓе веруваат дека Хемигвеј не ја напишал приказната или пак доколку ја напишал таа не е 100% оригинална. Слични вакви „приказни“ биле евидентирани уште во 1906 година. Според истражувачот на цитати, претходната верзија на оваа минимална реченица била „На продажба, детска количка, никогаш користена“, објавена во дел од весникот наречен „Тесни приказни од градот.“

Дали се работи за лоша шега или пак за нечија лоша меморија, тоа никогаш нема да го дознаеме. Исто така постојат и две други верзии напишани години пред претпоставениот облог на Хемингвеј. Еден од нив беше и есеј на Вилијам Р. Кејн, за одредена „жена која го загубила бебето.“ Тој бил објавен во 1917 година, под наслов „Мали чевли, никогаш носени“. Исто така во 1921 година повторно се повторила верзијата за детска количка во весникот Бруклин.

За прв пат тврдењето дека приказната доаѓа од Хемингвеј било напишано во книга од Петар Милер книжевен агент, кој во кнгата дава совети како успешно да се објави една книга. Истата приказна се споменува и во 1998 година, а потоа и во книга од 2006. Дури во 2012 година се спровела вистинска академска истрага со цел да се реши тајната на никогаш носените чевли. Под водство на Фредерик А. Рајт било испитано потеклото на оваа приказна и се покажало како лажно.

Многумина најверојатно биле разочарани кога слушнале дека авторот кој добил Нобеловата награда не бил човекот зад приказната која ги крши срцата, за која наводно тврдел дека е неговото најдобро дело. Сепак, вистината открива нешто друго. Ова лажно авторство и помогнало на приказната да стигне и да инспирира многу луѓе. Не е важно кој ги напишал, важно е влијанието кое го имаат овие зборови.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено