За сите „неверници“ НАСА спреми 14.000 фотографии, снимени во период од 1961 до 1975, кои што се достапни за целата јавност. Подолу можете да погледнете неколку од најинтересните фотографии, снимени на 6 Аполо мисии.

Повеќето луѓе велат дека слетувањето на месечината е лажно и е направено за да се сокрие некоја голема тајна од луѓето и за да ги направат останатите држави љубоморни на овој успех. „Доколку еднаш сме слетале на месечината зошто повторно не одиме таму?“ или пак „Зошто има толку малку фотографии од слетувањето на Месечината?“ се едни од најчестите коментари од теоретичарите на заговор. За да се стави крај на ваквите коментари НАСА направила „Архива за проектот Аполо“, каде што можете да листате низ илјадници фотографии и да се уверите самите во вистината.

На сликите се гледа и технологијата која што била користена пред 50 години и дека било навистина возможно со таква технологија да се стапне на Месечината, што значи дека со технологијата денес истото би било и повеќе од возможно.

Сподели на Facebook
пати видено