Ако го прашате вашиот сопруг да го отвори плакарот и да одбере што да носите, што мислите што би избрал? Долг црвен фустан? Фармерки, патики и маица? Или можеби бикини? Ова е интересен експеримент кој Кејтлин одлучила да го направи со својот сопруг Колин.

„Како и многу жени имам плакар со куп работи и често велам дека немам што да облечам, затоа решив една недела да му дозволам на мојот сопруг да одбере облека за мене по негов вкус. Навистина бев изненаена од резултатот.“

Понеделник

„Во понеделник имав важен состанок со бизнис соработник, не бев сигурна за оваа комбинација и на момент помислив да се откажам од целата идеја, но Колин беше толку возбуден и велеше дека оваа комбинација е пристојна и ведра. На работа добив многу комплименти. “

Вторник

„На вториот ден веќе почнав да се сомневам дека маж ми обожава светли бои. Тој рече дека времето ќе биде сончево и сакал да изгледам како сонце.“

Среда

„Во среда требаше да одиме на романтична вечера, но дома имаме две ангелчиња кои нема кој да ни ги причува, затоа имавме вечера дома а Колин го избра овој фустан.“

Четврток

„Сум заборавила дека имам ваков фустан, Колин го пронашол во плакарот. Мислев дека е премногу краток за мене и не е мојата омилена боја, но Колин ме увери дека изгледам неверојатно, а тоа ми ја зголеми самодовербата.“

Петок

„Во петок бевме во посета на моите родители. Колин рече дека оваа комбинација е удобна и ќе ми е полесно да се движам, отколку во фустан. Најчесто ваква гардероба носам на пикник, но сфатив дека е удобна и за ваква прилика.“

Сабота

„Во сабота бевме сите заедно на прошетка. Дали ми се допаѓа комбинацијата? Апсолутно да! “

Недела

„Немавме планови за во недела, но Колин сакаше да изгледам убаво и по дома. Овој фустан ретко кога имам прилика да го облечам, но сега го сторив тоа.“

 

Сподели на Facebook
пати видено