Дерин Блеквел (17) на кого му биле дијагностицирани две форми на канцер, бил зависен од морфин поради јаките болки.  По години минати во болница, најпрво лечен од леукемија, која му била дијагностицирана кога имал само 10 години, а потоа и редок вид на Лангерхансов клеточен сарком, вид на малигна хистиозитеоза.

После неколку оперативни зафати, меѓу кои и трансплантација на коскена срцевина, докторите кренале раце. Во тие моменти, се чекало денот кога младиот Дерин ќе ја изгуби битката со болеста.

Мајката Кели раскажува за моментите кога добивал јаки напади и молел да му дадат седативи. Неговите напади биле слични на зависник од хероин, тој станувал агресивен и гневен. Токму пред неговиот 14-ти роденден, мајката се одлучила сама на своја рака да му даде Бедрокан, олеснувач на болка врз база на канабис. Иако докторите го одбиле предлогот, бидејќи оваа супстанца не била испитана врз деца, таткото Симон успеал да дојде до оваа дрога. Инаку канабисот е дрога од класа Б, чија употреба е нелегална и се смета за кривично дело.

Првата доза Дерин ја добил во болница, без знаење на докторите. Таткото му ја подал дрогата во форма на цигара, тој вдишил и почнал да мафта со рацете, со цел да го прикрие димот иако не се чувствувал мирисот на канабис. По 10 минути тој почувствувал подобрување, неговата болка се намалила. Истата ноќ мајката се обидела да му даде поголема доза, во шприц кој го нашла во собата. Ставила 5 милилитри од истата супстанца, која имала сладок вкус како мед. Дерин се почнал да се чувствува подобро. Во меѓувреме Дерин ги одбивал лекарите кога се обидувале да му дадат лекови за смирување, потпирајќи се на неговите родители.

Дерин заздравува, неговата крвна слика е подобрена. Тој се врати на училиште во Норфолк, а негов интерес е гастрономијата. Неговите родители го споделија нивното искуство со цел дека ќе придонесат за развојот и примената на канабисот при лекување на болни од канцер.

Сподели на Facebook
пати видено