Замислата за вградување на чипови во мозокот за да им се овозможи натчовечка меморија би можело да зазвучи како нешто од последниот научно-фантастичен филм, или пак како дел од една многу добро позната теорија на заговор. Но, еден познат невролог е подготвен да ја испроба оваа футуристичка технологија врз луѓе. Мемориските чипови веќе успешно биле тестирани врз стаорци, а еден ден би можеле да бидат комерцијално достапен производ, кој како што се тврди, на секого би му овозможил да ги зголеми своите капацитети за помнење.

cp01

Д-р Теодор Бергер, дизајнерот на овие мозочни чипови, е професор по биомедицински инженеринг при Универзитетот на Јужна Калифорнија. Тој минал над дваесет години во развојот на најразлични мозочни компјутерски импланти кои ги имитираат електричните сигнали на мозокот, пред сѐ за да ја проучува Алцхајмеровата болест. Овој софтвер функционира така што краткорочните мемории ги претвора во долготрајни, со што се зголемува капацитетот за помнење. За да ги претвори краткорочните мемории во долготрајни, мозокот праќа образец на електрични сигнали со уникатен код. Мозочниот чип е дизајниран да праќа ист таков вид сигнали на мозокот, имитирајќи го природниот процес за развој на долготрајно помнење.

cp02

Досега овој чип бил тестиран само на стаорци и мајмуни, и кај двата вида животни било забележано зголемување на меморијата. Д-р Бергер сега ги здружил силите со Брајан Џонсон, технолошки претприемач, кој претходно својата фирма Брејнти ја продаде на Пејпал за 800 милиони долари. Со 100 милиони долари финансиска поддршка од Џонсон, тие формирале нова компанија наречена Кернел, која се фокусира на развојот на прототип за мозочни импланти за луѓе. Сега тие започнуваат со тестови врз пациенти болни од епилепсија.

„Сега го тестираме нашиот производ врз луѓе, и добиваме добри првични резултати. Одиме понатаму со нашата цел да го комерцијализираме овој имплант.“

Но, пред да го направи овој производ достапен за здравите луѓе, фирмата се надева дека уредот ќе се употреби за подобрување на меморијата кај луѓе со дегенеративни болести, како што е Алцхајмеровата болест.

Сподели на Facebook
пати видено