Се појавија снимки на кои се гледа како екстремистите на ИД во Мосул фрлаат човек од покрив откако го обвиниле дека е хомосексуалец. На сликитеа се гледа како еден од фанатиците му го чита обвинението на затвореникот, човек на возраст од околу 20-30 години, и потоа го одвлекуваат на покривот на една зграда во окупираниот ирачки град, за со врзани очи да го фрлат од зградата пред насобраниот народ на улицата.

hm03 hm01

Според бруталните закони на терористичката група, хомосексуалноста се казнува со смрт. И казната не завршува тука. Честопати минувачите и луѓето кои кои присуствуваат на погубувањето фрлаат камења врз трупот на погубениот. Овие погубувања се случуваат и покрај тоа што Мосул е под опсада од страна на ирачките сили. Повторното освојување на Мосул после две години владеење на ИСИС веројатно би ставило крај на самопрогласениот калифат во Ирак, кој сега засега се простира врз области во Ирак и Сирија.

hm02

Сподели на Facebook
пати видено