Со еден збор – да. Притоа треба да дополниме дека таа опција била возможна во минатото. На почетокот на ХХ век во САД редовно се испраќале деца по пошта. Во 1913 година поштенските служби започнуваат да доставуваат пакети и Американците си праќаат секакви работи – од чадори до инвентар за нивната градина, а исто така и деца.

ps01

Имено, според документацијата, во периодот 1913-1915 година биле испратени неколку деца со соодветни поштенски печати. Првата таква случа е од јануари 1913 година – пратката е момче кое отишло на гости кај баба си. Родителите платиле 15 центи за поштенска марка и осигурување за својот син во износ од 50 долари.

Друг таков случај, 6-годишната Меј Пирстроф била пратена кај нејзината баба која живеела на оддалеченост од стотина километри. Нејзините родители платиле само 53 центи. Според историјата на службата, еден поштенски службеник морал да носи на раце дете од 14-килограми од домот на бабата, до домот на мајката – станува збор за 20 километри.

ps03

Најдолгото патешествие по пошта се случува во 1915 година, кога 6-годишно девојче требало да биде пренесено до домот на нејзината мајка во Пенсакола, Флорида, до домот на неговиот татко во Кристианбург, Вирџинија. Цената за транспортот изнесувало само 15 центи, а бил изминат пат од 1160 километри.

Оваа услуга била забранета во 1915 година.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено