Романтичар кој ја нашол својата девојка од соништата но заборавил да ја праша за број успеал да ја најде така што залепил постери низ целиот нејзин роден град. Ник Хоптон ја запознал Фреја на фестивалот Бумтаун во Хемпшир пред две недели и се почувствувал поразен кога сфатил дека заборавил да земе контакт информации. Сѐ што знаел е дека живее во Хорфилд, Бристол, па така сите автобуски постојки ги излепил со постер замолувајќи ја да му се јави.

l01

Откако ги ставил постерите во понеделник, таа му се јавила нешто после полноќ и така решиле пак да се сретнат. Хоптон вели:

„Восхитен сум што толку бргу успеа. Исконтактиравме веќе во вторник наутро и се надевам дека ќе се сретнеме, што би било навистина убаво.“

l02

Неговата порака гласела:

„Ја знаете ли Фреја? Ја запознав Фреја минатиот викенд на Бумтаун и си поминав прекрасно време разговарајќи со неа. Знам дека живее во зграда овде во Хорфилд и работи во центар за вработување, но не ми текна да ја прашам а број. Затоа и овој постер. Долу има слика од мене за да ја потсетам, и мојот број. Било каква помош да ја најдам Фреја ќе биде наградена со моја бескрајна благодарност и сертификат. П.С. Јас сум Ник.“

l05

Сподели на Facebook
пати видено