Солзи радосници ги преплавија сите домашни, откако Никол Саливан, идната невеста ја гушна сестрата на нејзиниот вереник, која има претрпено големо оштетување на мозокот и и подаде картичка на која пишува „Наскоро ќе ми бидеш сестра, но до тогаш дали ќе ми бидеш деверица?“

28-годишната Џесика настрадала во сообраќајна несреќа во 2011 година, кога се враќала дома од прв состанок со момче. Тоа се случило еден ден откако нејзината најдобра пријателка ја замолила да и биде кума на свадбата. Се до денес на Џесика не е била понудена можност да биде дел од свадба.

Џесика сега живее со нејзините родители и и  е потребна 24-часовна нега. Таа првин не била во свесна состојба, но со текот на годините нејзината состојба се подобрила и таа сега може да се смее, да ги прати луѓето со очите и да гледа тевелизија.

Братот на Џесика, Дерик вели дека со години ја гледал нивната мајка како плаче поради состојбата на неговата сестра, но за прв пат после толку време гледа солзи радосници, на лицето на својата мајка. Никол и Дерик се во врска веќе две години и сакале Џесика да биде дел од нивната свадба и да се чувствува вклучена во нивните животи.

Сподели на Facebook
пати видено