Водам свој мал бизнис со рачно изработен накит во Литванија. Моето креативно патешествие започна пред две години кога увидов дека сакам да направам нешто различно во мојот живот. Отсекогаш уживав во магијата и мистеријата, па така почнав да ги отелотворувам преку овие прекрасни амајлии. Еднаш постирав дел од моите дела онлајн и тогаш мојот сон стана уште пореален. Ја напуштив мојата секојдневна работа и секој ден го поминував во мојот стан кој се претвори во една голема работилница.

Секое парче е осмислено да фрли магија врз купувачот и да го пренесе во некој друг свет. Со волшебните обетки, прстени, гердани, бразлетни и многу други нешта, сакам да ја изразам својата страст и да ја пренесам на сите и насекаде.

Со малку волшебен прав, допир од месечев камен, снопче влакна од еднорог и се разбира малку магија, го материјализирам својот свет од мечтите во мали прекрасни реалности кои може да ги собере во вашата дланка. Додадете малку магија во вашиот живот и самите доживејте го чудото. Подгответе се да бидете маѓепсани!

Ѓердан со глуварче

mg01

Ѓердан со глуварче. Чувај го и држи го блиску до своето срце.

Ѓердан со сончев систем

mg02 mg03

Ѓердан со девет приврзоци кои ги претставуваат деветте планети: Меркур, Венера, Земја, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран, Нептун и Плутон.

Обетки со глуварче

mg04

Прекрасни обетки со глуварчиња.

Бразлетна со лист

mg05

Елегантна ботаничка бразлетна со слика на зелен лист.

Прстен со полна месечина

mg06

Овој прекрасен бронзен прстен ја прикажува месечината, полна со чуда, митови и магија.

Ѓердан со морски школки

mg07

Овој прекрасен Ѓердсн со морски школки може да биде направен со бронзен или со посребрен ланец.

Ѓердан со мотив на магична шума

mg08

Ѓердан од не`рѓосувачки челик со вметнатa мов.

Морска ѕвезда

mg09

Ѓердан – цветна самовила

mg10

Прекрасен ѓердан со исушени цвеќиња

Обетки со соѕвездието Голема кола

mg11

Ѓердан со пурпурна лаванда

mg12

Обетки со мов

mg13

Вселенски бразлетни

mg14

Овие бразлетни прават да се запрашаме за нашето место во вселената.

Ѓердан со вистинска мов

mg15

Сподели на Facebook
пати видено