Концептот на електричниот автомобил е прифатен од иднината. Дури и оние со ретро „зачини“ се производ на 21 век. Нисан го претстави нивниот нов автомобил Инфинити прототип 9, чиј дизајн потсетува на тркачките автомобили од 1940-те (особено оние од Auto Union). И тоа не е така само поради надворешниот изглед, туку прототипот е изграден дури и со традиционални техники. Внатре, се разбира, е производ на 2017 година.

Машината вклучува 140-литарски мотор кој е доволно моќен за да го доведе возилото до 100 километри на час за 5,5 секунди со максимална брзина од 170 километри на час. Тоа не е најбрзиот електричен автомобил но ќе го победи класичниот Тесла Модел 3 и покрај олдтајмер шасијата.

Постои еден голем недостаток (покрај тоа што автомобилот е за една личност), Инфинити 9 може да издржи само 20 минути по „интензивна употреба на тркачката патека“, а истото се очекува и за автопатот. Сепак Инфинити 9 не е најава за нова серија на автомобили на Нисан. Ова е демонстрација на дизајнерските рифови на компанијата за Pebble Beach Concours d’Elegance. Сепак овој автомобил покажува дека електричните автомобили не треба да изгледаат футуристички за да го привлечат окото на купувачот. Затоа не треба да бидеме изненадени доколку слични елементи од Инфинити 9 бидат употребени и на други модерни автомобили.

Сподели на Facebook
пати видено