Мистериозната врата на античкиот храм Падманабасвами е заштитена од страна на две големи кобри, кои што се насликани на вратата и на неа нема рачка, резе или било какво друго средство за влез внатре. Се смета дека внатре има незамисливо богатство до кое може да дојде само “Садхус” од највисоко ниво кој има познавање на “Гаруда мантра”, тајна песна со помош на која е затворена вратата.

Хинду свештеници велат дека во моментов, не постои човек кој може да ги отвори овие врата со помош на “Гаруда мантра”. Овој величенствен храм кој со право ја држи титулата за најбогата институција и религиозно место во светската историја, со проценка од 22 милијарди долари во вредност од злато, дијаманти, накит, златни садови, оружје, златни фигури и дијамантски ланчиња со приближна тежина од околу 500 килограми, во прилог има безброј ќеси полни со златници од различни делови на светот, како и безброј торби на златни монети од целиот свет и церемонијални костими со рубини и смарагди, кои се чуваат во подземни трезори.

Позлатената надворешност покажува само дел од вистинската слика за овој храм. Се наоѓа во Тхирувананхапурам, Керала, Индија и овој антички храм има 8 подземни трезори од кои само 5 се отворени и да се истражени. Храмот се споменува само во Сангам периодот за литературата, помеѓу 500 и 300 година пред наша ера. Храмот е еден од 108-те главни Divya Desams ( “Свети живеалишта”).

Интересно е што не постои точен датум за тоа кога е изграден храмот. Најимпресивната и најмистериозната карактеристика на овој храм е тајната соба. Легендите велат дека секој кој се осмелува да ја отвори вратата ќе се сретне со катастрофални резултати. Ова мистериозната врата се нарекува комора Б.

Денес храмот Падманабасвами е едно од најзаштитените места на планетата, обезбеден со детектори за метал, безбедносни камери и повеќе од двесте чувари, а некои од нив се опремени со тешко оружје.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено