Една вечер на границата меѓу Русија и Казахстан, додека граничарите ги проверувале документите на автомобилите, еден од нив забележал жена, жителка на Казахстан како свети во мракот. Нејзиното тело емитувало чудна светлина.

Кога граничарите ја испрашале заклучиле дека таа била на лекување на тироидната жлезда, но тоа не помогнало да се утврди изворот на светлината. Бидејќи жената ги имала сите потребни документи граничарите и одобриле слободен премин. Друг сличен инцидент се случил на аеродром, каде при проверката на патниците откриле дека прстите на еден од нив емитуваат светлина.

Лекарите тврдат дека „луѓето-светулки“ не претставуваат никаква опасност за околината. Една ноќ во ловечката колиба на Владимир Сухарев и неговиот брат, во Сибир тропнал туѓинец. Кога ги симнал ракавиците неговата десна рака светела во темнина. Кога го прашале што чувствува човекот рекол дека не чувствува болка, но раката му била прилично студена за разлика од другата. На лицето исто така имал неколку светлечки дамки. Како што стоел неговата рака била врз весник на масата и кога ја тргнал весникот пожолтел и станал кршлив, тогаш човекот си заминал и никој не слушнал за него.

Во мај 1934 година. во весникот „Тајмс“ се појавила статија за светлечка жена од градот Пиран. Ана Монаро одамна страдала од астма. Еднаш, за време на спиењето, од нејзините гради почнала да се емитува сина светлина на брзи импулси. Овој феномен бил забележан од многу лекари, но тие не биле во можност дадат разумно објаснување. Според присутните експерти, во моментов, кога телото на Ана емитирало светлина, нејзиното срце почнувало да чука два пати побрзо од нормалното.

Книгата „Аномалии и куриозитет во медицината“, излезена во 1937 година, опишува сличен случај на жена со рак на дојка. Светлината која излегувала од нејзините гради била доволна за да осветли мала соба.

Науката ја негира можноста за постоење на вакви аномалии, сметајќи дека таква светлина можат да емитуваат само инсекти, микроби и одредени морски животни и дека луѓето емитуваат одреден вид на светлина но таа може да се види само преку специјални уреди, а не визуелно. Но во одредени медицински архиви откриено е дека под одредени услови човек започнува да емитува јонизирачко зрачење, кое значително ги надминува вообичаените индикатори. Во овој случај, различните делови од телото лачат различни дози на „биорадијција“. Некои научници претпоставуваат дека би било возможно доколку луѓето се наоѓаат во некоја тешка ситуација, како на пример болест, би можеле да ја концентрираат енергијата за да ја надминат таа пречка и тоа визуелно да се одрази со светлина. Иако звучи неверојатно, човечкото тело крие многу тајни кои што допрва треба да бидат откриени.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено