Кога ќе си замислите бункер за 3 светска војна, прво што ви текнува е бетонска соба, со душеци и конзервирана храна. Ваквите засолништа започнаа да се градат во периодот на Студената војна, но засолништата денес не се воопшто слични со оние од 20-ти век.

Во голем број компании порасна побарувачката за живеалишта кои ќе можат да заштитат од било каков ризик, без разлика дали се работи а глобална пандемија, астериод или Трета Светска војна, но со плус луксузни додатоци. “Бункерите на вашиот татко или дедо не бил баш удобен, бил сив, бил метален, како брод или нешто војничко. Вистината е дека луѓето не можат да преживеат во таква ‘Спартанска околина'”, вели Роберт Вицино, претприемач за недвижен имот и генерален директор на Вивос, компанијата која гради засолништа за високата класа.

Гери Линч, генерален менаџер на Рајзинг С Компани, вели дека продажбата на луксузни засолништа во 2016 им пораснала за 700% за разлика од 2015, а само за претседателските избори во САД продажбата пораснала 300%.

Воените бункери за складирање на муниција во Јужна Дакота се претворени во луксузни засолништа, во кои има капацитет за 5.000 луѓе и интериерот во секое засолниште е лично одберен од сопствениците и ентериерот чини од 25.000 до 200.000 долари, во зависност од барањата. Во комплексот,кој што е направен да изгледа како мал град исто така има и театар, училници, болница, спа центар, тератана и хидропони градини.

Во бункер во Германија, Вивос изградиле 34 засполништа од 600 до 1.500 метри квадратни. Овие засолништа се празни и сопствениците сами ги уредуваат.

Уште едно луксузно засолниште е и т.н “Стан за преживување”, со големина од 1.000 метри квадратни и цена која почнува од 4,5 милиони долари. Исто така и тука има базен, библиотека, бар и продавница.

Најлуксузниот и најголемиот бункер во светот се наоѓа во Чешка, кој што порано бил тајна установа на Чехословачка. Овој бункер се наоѓа на површина од 23.000 метри квадратни и има подземен базен и винарија.

Сподели на Facebook
пати видено