Цели седумдесет и шест години, почнувајќи од 1927 година, Поштата во Лондон управувала со флота од електрични возови, кои се движеле на тесни шини, длабоко под земјата, носејќи пошта од еден на друг крај од Лондон.

Мејл Рејл се протегала од главната канцеларија за сортирање Падингтон, на запад, па се до источната главна канцеларија за сортирање, Вајтчапел, на растојание од околу 10 километри.

Помеѓу имало осум станици, од кои најголемата била под планината Плесант. Кога била во полн сјај оваа железница работела 22 часа на ден и превезувала 4 милиони парчиња пошта во еден ден. Подземната железница била изградена за да се избегне масовниот сообраќаен метеж од почетокот на 1900-тите, кој предизвикувал неприфатливи одложувања во пренесувањето на пошта од една канцеларија за сортирање до друга.

До 2003 година Мејл Рејл била срцето на поштенската служба во Лондон. Потоа железницата била затворена затоа што трошоците за неа биле премногу големи и Кралската Пошта не можела да го поднесе тој финансиски товар. Користењето на железницата било пет пати поскапо од користење на патниот превоз за истата задача.

Мејл Рејл ќе се отвори повторно во септември 2017 година, но овојпат ќе превезува луѓе, а не пошта. Кога Мејл Рејл ќе се отвори за јавноста за неколку месеци, посетителите ќе можат да бидат дел од 20-минутно возење на 1 км кружна патека, седејќи во нови вагони дизајнирани за луѓе наместо за пошта.

Сподели на Facebook
пати видено