Пациентите кои чувствуваат големи болки користат медицинска марихуана и лекови базирани на опијати. Тие заклучиле дека овој вид на лекување има помалку несакани ефекти, а мнозинството изјавило дека канабисот е поефективен.

„Од оваа истражување може да се заклучи дека пациентите кои користеле канабис со или како замена на лекови базирани на опијати, имале позитивни ефеткти. Пациентите од оваа истражување изјавиле дека канабисот има помалку несакани ефекти за разлика од лековите базирани на опијати.“, изјавил тимот на истражувачи во списанието Cannabis and Cannabinoid Research.

Истражувачите, од Универзитетот во Калифорнија, Беркли и Државниот универзитет во Кент им испратиле на учесниците анкета во која ги прашувале за нивната болка и нивната употреба на марихуана и лекови. Од 2.810 учесници кои во моментот користеле канабис, 828 го користеле континуирано во последните 6 месеци.

Од таа група, „97 проценти од примерокот“ многу се согласиле / се согласиле „дека можат да го намалат количеството опиоиди што ги консумираат кога исто така користат канабис.“ Покрај тоа, 89 проценти „многу се согласиле / се согласиле“ дека земањето опиоиди доведува до несакани ефекти како што се запек и гадење“ , пишуваат истражувачите.

Но, интересно е што, истражувачите исто така откриле дека „81 процент“ многу се согласиле / се согласиле дека земањето само на канабис е поефикасен начин залекувањето на нивната состојба отколку земање канабис со лекови. Во суштина ова значи дека доколку им се даде можност пациентите би го избрале канабисот наместо лековите.

Иако опиоидите се важен дел од управувањето со болката, речиси 100 луѓе умираат на ден поради предозирање. Се работи за комбинација од хероин и опијати на рецепт како морфиум и кодеин.

Иако марихуаната е далеку од совршено решение, нема регистрирано предозирање од марихуана. За жал оваа истражување има неколку недостатоци, поради тоа што дел од анкетирањето било лично што понекогаш може да предизвика предрасуди. Исто така дел од пациентите биле од HelloMD, онлајн заедница за пациенти кои се лекувале и се лекуваат со медицински канабис кои веројатно имале поголеми шанси канабисот да ја намалува нивната болка поради редовното консумирање.

Сепак истражувањето е интересно, затоа што покажува ека многу луѓе навистина преферираат употреба на марихуана за справување со болката.

Сподели на Facebook
пати видено