И напишал проштална писмо дека божем си ја напуштил. Тој го оставил писмото на ноќното шкафче во спалната, се сокрил под креветот и чекал да дојде жена му. Мажот бил свесен дека тоа е малку детска постапка, но многу сакал да дознае какви чувства има жена му кон него.

Се надевал да слушне како ќе се вознемирени, како ќе плаче, како ќе им се јавува на пријателите да се жали… Кога неговата сопруга конечно стигнала, таа го видела писмото и го прочитала. По неколку минути молчење таа зела едно пенкало и почнала да пишува нешто на писмото.

Потоа се преслекла, весело си потпевнувала и подигрувала. Таа била среќна наместо вознемирена и депримирана. Мажот бил шокиран. Но станало уште полошо. Жената го зела телефонот и свртела некој број. Мажот слушнал како жена му разговара со некој по телефон:

– Здраво, драги. Доаѓам кај тебе. Мојот будала конечно го истерав од дома. Како можев да се омажам за него? Штета што не се сретнавме со тебе порано. Ќе се видиме наскоро, драги!

Таа го исклучила телефон и излегла од собата.

По некое време мажот слушнал како се отвора и влезната врата – таа тргнала… Се растажил и почнал да плаче. Плачел, плачел и по некое време му текнало да види што допишала жена му на ливчето.

Во солзи тој прочитал „Ти ги гледам нозете, ти штрчат од под креветот. Одам до продавница по леб.“

Сподели на Facebook
пати видено