Уште кога била за прв пат емитувана во 1960 година, серијата „Ѕвездени патеки“ инспирирала бројни визионерски парчиња технологија. Во текот на децениите, многу од овие идеи станаа технолошки уреди кои ги користиме во секојдневниот живот.

Земете го за пример првиот домашен компјутер, измислен од Ед Робертс-Алтаир 8800. Sci-fi франшизата, наводно, го инспирирала Робертс, а тој дури и го именувал уредот по Сончевиот систем Altair, кој првично се појавува во епизодата “Amok Time” во оригиналната серија. Таблет компјутерите се слични на уредите кои често се користеле кај офицерите и персоналот на ѕвездената флота, понекогаш дури и за најосновните работи, како слушање музика. Листата на примери за тоа како Ѕвездени патеки влијаела на идеите зад популарните модерни уреди, не би била комплетна без името на Мартин Купер.

Тој бил „капетан“ на Моторола во деновите кога, речиси еден век откако Александар Греам Бел го направил својот прв историски телефонски повик, оваа компанија излегла со првиот телефон кој бил пренослив и кој можел да се држи во раката, во 1973 година.

Купер, дипломиран електроинженер, се приклучил на тимот на Моторола во 1954 година. Неговите првични задачи биле да работи на пејџери, а подоцна и на автомобилските радиотелефони. Оваа услуга била заснована на VHF радио технологија која се поврзувала со јавната телефонска мрежа, која, секако, имала ограничувања. До почетокот на 1970-тите, Купер бил загрижен дека Моторола значително паѓала зад својот најголем конкурент, AT & T, тогашниот лидер во автомобилско-телефонската технологија.

Комуникациски уреди кои ги користеле капетанот Кирк и неговиот тим го инспирирале Купер да го реализира својот изум. Уредот, кој бил голем како тула и тежел 1 килограм, бил прототип на преносливиот мобилен телефон со 800 MHz. Имал и мал ЛЕД екран. Штом прототипот бил подготвен, по само три месеци напор, Купер бил домаќин на конференција за печат во Њујорк, на почетокот од април 1973 година. За јавно деби на првиот мобилен телефон во светот, Купер избрал да го повика Џоел Енгел, кој тогаш бил шеф на одделот за истражување на AT & T.

Тој се сеќава на моментот во едно интервју за Си-Ен-Ен години подоцна, велејќи: „Го повикав и му реков: ‘Џоел, те повикувам од мобилен телефон, вистински мобилен телефон, рачен, пренослив, вистински мобилен телефон’. Не се сеќавам точно што рече, но беше навистина тивко некое време. Моја претпоставка беше дека тој крцкаше со забите. Тој беше многу љубезен и го заврши повикот.“

Новинарите на конференцијата биле следните кои го испробале мобилниот телефон. Освен што телефонот бил тежок, исто така неговата батерија траела само 20 минути. Купер се пошегувал, велејќи: „Животниот век на батеријата беше 20 минути, но тоа не беше навистина голем проблем, бидејќи не можевте да го држите телефонот толку долго“.

Биле потребни 10 години за телефонот да се пушти во продажба. Во 1983 година тежел половина од тежината на оригиналниот мобилен телефон Motorola DynaTAC, но Моторола DynaTAC 8000X имала и продолжен век на батеријата, што овозможувал „дури“ половина час разговор. Задоволство да се поседува овој телефон чинело 3,995 долари, што е еквивалентно на повеќе од 9,000 долари во 2017 година.

Технологијата на мобилната телефонија е напредна, а денес мнозинство од нас не можат да го замислат животот без паметен телефон. Креаторите на „Ѕвездени патеки“ најверојатно не се надевале дека нивните измислени направи ќе станат реалност за толку кратко време.

Сподели на Facebook
пати видено