Марија Гиздева, ученичка од Стара Загора која со нож го убила силувачот Богдан Динев, вчера била ослободена од затвор по 72-часовен притвор. Обвинението за убиство со умисла кое првично ѝ било изречено било изменето во нанесување на средна телесна повреда со умисла, од која потоа настапила смрт. Судот ѝ наложил кауција од 500 лева (околу 250 евра) како гаранција дека таа нема да ја напушти земјата, по што била пуштена на слобода.

mr01

Валентин Димитров, адвокат на девојката, не барал пари од семејството за неговата услуга, и изјавил дека ако тие немаат возможност да ја платат гаранцијата, тој самиот ќе ја плати. Пред Марија да биде пуштена на слобода, пред судот биле организирани протести на кои се барало девојката да биде ослободена бидејќи дејствувала во своја одбрана.

Според бугарските медиуми, во понеделник Марија била во домот на Богдан Динев, кога тој посегнал по нејзината чест. За да се заштити, девојката зела џебно ноже и неколку пати го пробола човекот, по што тој починал од загуба на крв. Девојката го признала убиството, по што била задржана во 72-часовен притвор.

Според луѓе од Стара Загора, силувачот имал и други жртви, кои се плашат да зборуваат. Марија до сега немала никакви испади и антисоцијално поведение. Таа е одлична ученичка во елитно училиште во Стара Загора. По завршувањето на средното училиште работела во кафуле за да им помага на родителите. Имено, со 62-годишниот маж се запознала токму на работното место.

mr02

„Марија ми раскажа дека на 25 јули отишла до домот на Богдан. Потоа ја заклучил и започнал со насилните дејства. Тоа е школски пример за самоодбрана – се борела за својот живот и за својата чест. Го повикувам судот итно да ја ослободи“, изјавил претходно адвокатот Валентин Димитров.

Една од жртвите на Богдан пред неколку години извршила самоубиство скокајќи од четврти кат. Возрасниот човек имал богато криминално досие, лежел во затвор, вклучително и за извршено дело силување.

Сподели на Facebook
пати видено