Астронаутот од НАСА Гордон Купер, во 1963 година правел мапи на Земјата од вселената и на повеќе од нив се гледаат локации на потонати бродови близу Карипските Острови. Оваа мапа останала тајна со децении затоа што била направена со технологија со кога наводно се трагало по Руски подморници и нуклеарно оружје.

Гордон успешно пилотирал со вселенското летало Mercury-Atlas 9 Faith 7 околу Земјата 22 пати во 1963 година. Според новиот документарен филм на Discovery Channel мисијата на Купер била поврзана со шпиунажа. Ловецот на богатство Дарел Миклос, кој е исто така бил и долгогодишен пријател на Гордон, вели дека Купер бил на специјална ДоД мисија со која требало да се шпиунира Русија, нејзините подморници и нуклеарно оружје.

Купер му ги предал мапите на Дарел откако му била дијагностицирана паркинсонова болест во 2002, а починал во 2004 година. Миклос започна серијал на Discovery Channel, Богатството на Купер (Cooper’s Treasure), во кој што Дарел ќе трага по богатството според мапите кои му ги оставил пријателот Купер.

Купер откако се вратил од мисијата преку своите белешки направил мапи со повеќе од 100 потенцијални локации од потонати бродови и неоткриено богатство. Според Миклос еден од потонатите бродови може да биде и познатата изгубена флота на Кристофер Колумбо.

Дарел објаснува како одлучиле која ќе биде првата локација која што ќе ја истражуваат: “По случаен избор, избравме 5 места каде што беа забележани аномалии и за наша среќа на 5 од 5те места имаше остатоци од бродови. Што значи дека веќе со првите 5 налетавме на парите. Купер беше во право од самиот почеток”

Но освен од потенцијалната парична вредност на онаа што ќе го пронајдат Дарел вели дека најмногу е воден од желбата да го  оствари наследството кое го добил од неговиот пријател. “Мојата цел е да направам се да биде автентично и реално, за да можат луѓето да сфатат колку беше Купер прекрасна и неверојатна личност”, вели Дарел.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено