Порталот „HowAfrica“ објави список од 10 најсиромашни земји во Европа во кои се живее полошо и од африканскиот просек. Авторите на текстот наведуваат дека за сѐ е виновна рецесијата во која Европа влезе уште во 2008 година, од што последици трпат бројни земји од стариот континент. Листата е составена врз основа на бруто домашниот производ, а вредностите се изразени во американски долари.

10. Романија ($18,635)

Речиси 44 отсто од населението живее во руралните предели, а таму владее сиромаштија.

9. Русија ($18,408)

Русија е вистински пример за нееднаквост. Додека малкумина уживаат во богатство, милиони се гушат во сиромаштија.

8. Хрватска ($18,314)

Авторите истакнуваат дека во Хрватска застрашува постојаниот пораст на бројот на лица кои живеат под прагот на сиромаштија.

7. Белорусија ($15,633)

Иако во последно време е запрен понатамошниот пад на животниот стандард, сѐ уште се живее тешко.

6. Бугарија ($14,870)

Бугарија се смета за не само една од најсиромашните земји во Европската Унија, туку и на целиот Балкан.

5. Црна Гора ($11,800)

Иако нивните примања главно се засновани на услужни дејности, Црна Гора во последно време бележи благ пораст на животниот стандард. Додека во 2003 година бројот на луѓето кои живеат под прагот на сиромаштија изнесувал 12,2 отсто, во 2010 тој процент паднал на 6,6 отсто.

4. Србија ($11,553)

Корупцијата и лошата инфраструктура се рак-рана за Србија. Речиси 1,3 милиони Срби живеат во сиромаштија, или едвај составуваат крај со крај, се наведува во текстот.

3. Македонија ($10,718)

Како и во Романија, и во Македонија голем дел од населението живее во руралните краишта и провинцијата. Две третини од населението кое живее на село се сиромашни.

2. Албанија ($9,903)

Застарената и неефикасна инфраструктура најмногу ја кочат Албанија во привлекувањето на странски инвестиции.

1. Босна и Херцеговина ($8,590)

Иако имаат жестока конкуренција во соседството кога станува збор за сиромаштијата, авторите истакнуваат дека во Босна и Херцеговина состојбата е страшна.

Сподели на Facebook
пати видено