Мајка го споделила смешниот цртеж на нејзината ќерка, во кој е претставен „надарен“ Дедо Мраз. Лиза Хокинс два пати го погледнала цртежот на нејзината 6-годишна ќерка, Миа, кога таа и го покажала, опишувајќи го како „Дедо Мраз кој држи листа со желби.“ Но, испружените раце и листата наликуваат на нешто малку перверзно, така што Дедо Мраз изгледа многу „возбуден“ за празничната сезона.

Цртежот ги оставил мајките да се прашуваат дали Дедо Мразот на Миа ќе ги посети и нив. Една жена кога го видела цртежот на социјалните медиуми напишала: „Се прашувам дали Дедо Мраз ќе ја посети мојата куќа“.

Лиза го споделила цртежот на Фејсбук и напишала: „Прекрасниот цртеж на Миа, од Дедо Мраз. Морам да проверам кај Миа, но очигледно тој ја држи својата листа! Тоа не е она што го видов на мојот прв поглед!“

Десетици пријатели на Лиза останале „скокотнати“ од невината грешка на Миа и ги дале своите коментари.

Венди Кериган Уи Нил напишала: „Умот на невиноста“.

Никола Џонс рекол: „Господе! Пресмешно, таа е дефинитивно твоја ќерка.“

Ли Мартин напишал: „Тоа е пеколна листа. Лиза подобро да ја проверите двапати. ЛОЛ! Ужасен ум имаш тебе.“

Откако цртежот на Миа стекнал популарност, Лиза изјавила: „Тој ме натера да се кикотам малку. Го споделив затоа што мислев дека ќе ги насмеам луѓето. Мило ми е што го виделе многу луѓе. Миа е воодушевена што многумина го сакаат нејзиниот цртеж.“

Сподели на Facebook
пати видено