Жена од Русија го пронашла бебето кое и го замениле во болница со друго дете и открила дека нејзината биолошка ќерка живеела во голема сиромаштија, со мајка алкохоличарка и татко убиец. 69-годишната Зоја Туганова пред 30 години дома однела погрешно бебе, а нејзиното завршило во рурално село.

Зоја со нејзината биолошка ќерка Лусија

Катја е ќерката која што Зоја ја одгледала и на нејзина иницијатива почнала потрагата по биолошката ќерка на Зоја, по име Лусија. Кога ја пронашле Лусија сфатиле колку всушност замената била фатална. Лусија пораснала во сиромашно семејство од исламска вероисповед.

Нејзиниот татко секој ден ја тепал мајка и поради тоа што бил уверен дека детето не е негово. Тој го изгубил разумот и почнал да ја обвинува за афера со соседот кој бил христијанин, поради тоа го убил соседот. Откако татко и завршил во затвор, мајка и станала хроничен алкохоличар.

Зоја и Катја

Поради тоа што мајката не се грижела за неа и за останатите две нивни биолошки деца, тие биле приморани да талкаат низ селото да просат и да молат за храна. Поради тоа што татко им бил во затвор а мајката Елвира не можела да се грижи за децата, сите деца биле испратени во дом за сираци.

Лусија сега има 3 деца, не е вработена а нејзиниот сопруг нема постојана работа и таа повторно живее во сиромаштија. Катја имала сериозни здравствени проблеми кога била мала и таа смета доколку завршила со нејзиното биолошко семејство најверојатно не би преживеала.

Зоја раскажува како уште во болницата им кажала на лекарите дека тоа не е нејзиното дете, но тие не сакале да ја признаат грешката и и кажале дека доколку продолжи ќе ја пратат во лудница. „Врескав, пцуев, но докторите ми велеа дека халуцинирам и ме пратија на психијатарска проценка. Секако дека ја сметам Катја за моја ќерка, но помислата да ја пронајдам биолошката ќерка никогаш не ме напушти.“, вели Зоја.

Катја и Зоја планираат да ја тужат болницата поради замената. Тие сметаат дека е време некој да одговара за делото кое со години го негирале.

Сподели на Facebook
пати видено