Една мајка и нејзината пријателка биле се затворени затоа што го облепиле со селотејп нејзиниот гол петгодишен син и потоа заминале на плажа со неговите постари сестри. Преплашеното дете било оставено 10 часа само дома, додека неговата 40-годишна мајка и нејзината 29-годишна пријателка, кои и двете работат во училиште во Бредфорд, Британија, заминале во Блекпул.

gl01 gl02

Детето било соблечено голо, затворено во шкаф во празна куќа со само овошје и вода, и кога семејството се вратило во 21:30 часот, било најдено во сопствен измет. Покрај тоа, тоа било тепано по главата со метална прачка и удрено со остра потпетица, известуваат властите.

И двете жени не покажале никакви чувства кога биле затворени – но судијата ги критикувал дека намерно го користеле детето како „жртвен јарец“.

„Секогаш кога ќе дојдеше пријателката на мама, мојот брат беше ставан во шкафот“, вели една од сестрите.

gl03

Судскиот иследник Мик Рајан вели: „Ова е сурово и ужасно злосторство врз едно невино момче. Тој не можел да се заштити од луѓето кои ги познавал и на кои им верувал. Семејната пријателка долго време сурово го казнувала, а мајката не го заштитила, туку била согласна со злоставувањето. Злоставувањето кое го претрпело тоа дете не може да се разбере и единствено може да се опише како варварско и зло.“

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено