Страствените планинари Синтија Бенет и нејзиното момче го усвоиле своето куче Хенри во 2014 година. На почетокот Бенет требала да избере мешавина од златен ретривер, но потоа се запознала со Хенри на настанот за посвојување. Тој имал само 14 недели, но веќе бил пет пати поголем од другите кутриња на иста возраст.

„Мислам дека го имавме само три дена кога прв пат го одведовме на првото патување. Ја најде најстрмната, највисоката карпа во околината и се стрча за да погледне преку работ. Затоа почнаа да го нарекуваат ‘мала планинска коза’.“, вели Синтија.

Пред неколку месеци двојката одлучила дека би сакале да имаат друго домашно милениче во семејството. Синтија многу сакала да земе маче од некое засолнише, а по пет месеци пребарување го пронашла мачето Балу, мешавина од Сијамска мачка. Тие го претставиле мачето на своето куче, а Балу се вљубил во Хенри. Сè што сакал било да си игра и да се гушка со кучето.

За кратко време и Балу им се придружил на патувањата. „Добивам многу прашања за тоа како го навикнавме. Но, тој навистина го сака тоа. Тој навистина сака да излезе надвор. Ако го допрев поводот на Хенри, (Балу) ќе почне да вреска на вратата.“, вели Синтија.

Сподели на Facebook
пати видено