Луѓето сериозно ризикуваат да го нарушат своето здравје усвојувајќи веганска исхрана само за да бидат модерни, предупредува водечки стручњак за исхрана. Кетрин Колинс од Британското здружение на диетолози вели дека е загрижена дека наместо тоа да е поврзано со здравствени потреби или етички начела, луѓето стануваат вегани како еден вид избор на начин на живот, инспирирани од славните личности, без да размислуваат за последиците на таквата исхрана.

hr

„Тоа што го гледаме е нов вид пуританизам, идеја за чиста, идеална исхрана. Луѓето гледаат слики со Гвинет Полтроу и беспрекоран чинија со калинки и тие го сакаати истото. Тоа е како да купувате облека од последна мода, но потенцијално си го загрозувате здравјето, гледано долгорочно.

Кога луѓето го прифаќаат веганизмот како дел од нивната религија, тие вообичаено знаат како соодветно да го применуваат. Знаат како да надоместат за отсуството на месо и млечни производи, но често тоа воопшто не е случај со луѓето кои стануваат вегани поради слики кои ги виделе на интернет.“

hr1

Веганската исхрана исклучува било какви прехранбени производи од животинско потекло како месо, риба, млеко, сирење, јајца и мед. Многу поборници на овој вид исхрана велат дека таа носи голем број здравствени придобивки. Но, некои стручњаци сметаат дека веганите не внесуваат доволно белковини, важни витамини и хранливи материи како B12 и калциум.

Сподели на Facebook
пати видено