Било да очекувате пак да се соедините со саканите во некое рајско место, или пак не верувате дека кога ќе починете нешто ве чека, тоа што се случува по смртта за луѓето останува една од најголемите мистерии на животот. Но, сега група луѓе кои имале блиска средба со смртта веруваат дека тие би можеле да понудат увид во тоа како навистина изгледа тоа, одговарајќи на прашања на сајтот Quora. Нивните искуства варираат од чувство на „блаженост“, преку чувства на разочарување и неостварување на личните цели, до чувство на ужаснувачка празнина.

Во одговор на прашањето: „Какво е чувството на смрт?“ корисниците кои преживеале клиничка смрт опишуваат како изгледа да преминеш преку тенката линија и да се вратиш назад во живите.

sm02

Меган своето искуство на блиска смрт го опишува како „блажено, смирено, возбудливо, мирно и опуштено.“ „Ми се чини дека нема точен збор во англискиот јазик кој опишува колку навистина прекрасно е чувството.“, вели таа. Над 948.000 луѓе ја прегледале таа тема на сајтот, а приказната на Вера е една од најпопуларните. Таа се отрула со јаглерод моноксид од неисправна греалка кога имала единаесет години и живеела со нејзината мајка во бившиот Советски Сојуз.

„Како сега да го гледам тоа, како ме успива, покривајќи ме со своето тешко и невидливо ќебе на смртта“, се присетува таа. „Потоа, почувствував како ми бие срцето, во главата буквално ми бучеше, како да има пчеларник во неа, и ми се чинеше како да ми е забиен по еден нож во двете страни на мојата глава. Знаев дека ќе умрам токму во тој миг. Тоа беше сигурно чувство на итност кое го добива човек, како внатрешен аларм кој вреска и ти го превзема умот, и знаев дека имам само неколку мигови за да си го спасам животот, кога само би можела да смислам што да правам.“

Паѓајќи во бесознание, тие се обиделе да повикаат помош, но на крајот ја изгубиле свеста.

„Умиравме. И никој, никој на светот не можеше да нѐ слушне“, опишува Вера. Потоа, се сеќавам дека видов нештокако плазма од бои насекаде околу мене, многу чудна визуелна перспектива. Отпрвин изгледаше како течни бои, нешто како телескопски слики на галаксиите, со бои кои се претопуваат една во друга, ниту далеку, ниту блиску, и насекаде околу мене и `низ` мене, во севидливост. Мислев дека тоа беше толку прекрасно, почувствував извесно поткревање насекаде, како моето тело да беше огромен бел дроб и само вдиуваше и исчезна, и одеднаш, определено ослободување од тоа то постојано го чувствувам – гравитацијата.

Почувствував како да се кревам, со определено чувство за правец, и вдишував и се ширев. Се обидов да се погледнам себеси, но ме немаше. Тоа ме шокираше, но не ме исплаши. Исто така, не се чувствував сама. Имаше и `други`, коишто не можев да ги видам, но знаев дека се таму бидејќи ми `зборуваа`. Како да ме охрабруваа и ми посакуваа добредојде. Ја почувствував таа бесконечна огромност, но исто така и отсуството на време, како сѐ да се собрало во нула и да се случило во исто време. Последното нешто на коешто се сеќавам е дека посакав да сум на некое друго место и веднаш се најдов таму, и тоа ме изненади и ме воодушеви. Бев бесконечно среќна.“

Вера била спасена од нејзиниот татко кој повикал брза помош кога ги нашол двете онесвестени. Докторите му кажале дека е предоцна за да ја спасат, бидејќи таа била клинички мртва во период од петнаесет до четириесет и пет минути. Но, нејзиниот татко инсистирал да се обидат да ја оживеат и лекарите успеале да ја вратат во живот, и таа вели дека сега чувствува мир, бидејќи знае дека има рај.

„Дури и кога еден ден ќе умрам и ќе ја променам мојата телесна школка во нешто друго, секогаш ќе има `јас`, и тоа `јас` никогаш нема да биде само“, заклучува таа.

sm01

Барбара ја споделила нејзината приказна, велејќи дека имала не едно, туку три доживувања на смрт кога нејзиното срце запрело при повеќе операции, како последица на ретка нетолерантност.

„Иако можев да слушам совршено – бипкањето на мониторот во моментот кога покажа права линија, кодот на лекарот асистент, чкрипењето на количката, истовременото зборување на сите – друго ништо не чувствував“, објаснува таа. „Како да тонев во несвест. Се чувствував многу смирена, немав потреба да дишам, никаква причина за тревога, никаква болка, целосно смирена. По рабовите се стануваше темно, за на крај да биде само црнило. И тогаш ме оживеаја, во секој од трите пати, првиот пат со ставање на налоксон во мојата инфузија, вториот пат со реанимација, по што цела ноќ поминав во одделението за срцеви заболувања во болницата.“

Лори исто така минала низ повеќе од едно искуство на клиничка смрт, и исто како и Барбара, и таа имала позитивно искуство.

„Умрев на шест години на операционата маса за време на хируршка процедура, и десет минути подоцна бев оживеана. Се сеќавам дека бев смирена“, вели таа. „Чувствував утеха. Чувствував како да не сум сама. Видов многу бои, не светлина, туку бои, како очите да ми беа покриени со шарена маичка“.

Нејзиното второ искуство се случило кога имала дваесет и три години и добила алергиска реакција на препишано лекарство, и била оживеана по шест минути.

„Го почувствував истото тоа нешто. Чувство дека сум опкружена со нешто познато. Чувство на мир и сигурност, и тие бои. Не ми е грижа дали некој ќе верува или не во тоа што го тврдам. Тоа беше моето искуство“, изјавила таа.

Скот исто така имал чувство на мир кога му откажало срцето и болничкиот монитор покажал права линија. „Едноставно заспав. Немаше болка, ништо лошо“, споделува тој. „Што се однесува до тоа што се случи кога ми запре срцето – не се сеќавам. Кога на крајот ќе умрам на малку потрајна основа, само можам да се надевам дека ќе биде смирено како и првиот пат.“

Арон го опишал својот допир со смртта како „впечатлив и незаборавен“, но го немал истото чувство на мир.

„Мигот кога сфатив дека сум на заминување беше тажен. Особено бидејќи бев свесен дека мајка ми е во собата гледајќи додека медицинските лица даваат сѐ од себе да ме одржат во живот“, објаснува тој. „Чувствував вина, срам и длабоко разочарување затоа што не ги достигнав личните цели. На некој начин ја прифатив својата судбина. Речиси немаше телесни дразби. Не бев исплашен. Само бев разочаран.“

Тој опишува како сите негови сетила исчезнувале едно по едно.

„Првото нешто што забележав дека го снема е моето чувство за допир. Потоа слухот. Веројатно во тоа време ме напуштија и чувството за мирис и вкус. Едноставно немам поим.“ се присетува тој. „Последното нешто кое си замина беше мојот вид, оставајќи поле на белина, и мисли коишто се повеќе и повеќе ги снемуваше, како единственото преостанато искуство кое можев да го доживеам. Одеднаш, почувствував огромен притисок врз моите гради. Ми се вратија сите чувства наеднаш, за пак сѐ да исчезне во бела ништожност. Тоа ми се случуваше три пати, колку што се сеќавам, додека моето срце можеше да чука, но кој да знае.“

Брајан не ги опишува во детали околностите на неговото искуство на блиска смрт, но вели дека дошол до заклучок дека единствено жалел за загубата на некои прекрасни сеќавања, идеи, љубови, страсти, проникнувања, како и таа малку мудрост што ја стекнал, како што вели тој.

Деа додава дека таа умрела во 2009 година, иако не опишува многу за тоа како се случило. „Мојата прва помисла откако видов прекрасна бела светлина на врвот на планина пред мене беше: О Боже, јас сум мртва!“

sm06

„Имаше многу други луѓе кои одеа по планината кон светлината. Но јас бев бесна. Сѐ на што можев да мислам е за тоа како толку пати бев во собата за итни случаи и сега сум мртва. За жал, не погледнав кон моето тело, но другите мртви луѓе изгледаа како обични луѓе. За првпат во многу години не чувствував апсолутно никаква болка, воопшто. Само бев гневна. По неколку минути, мојата братучетка како од никаде се појави пред мене и ми кажа, `Диен, врати се назад`. Така не ме викаа уште од дете и таа беше една од малкуте луѓе кои ме знаеја како Диен. Кога се свртев да видам што мисли со тоа `назад`, бев тресната на креветот во болницата со седум доктори и сестри насекаде околу мене, викајќи ми `остани со нас`. Болката се врати. Бев во шок. Никогаш нема да ги заборавам моите две и пол минути на смрт, и среќна сум што бев вратена во живот.“

Емануел, од друга страна, нуди помрачна претстава за разлика од другите членови. Тој раскажува дека неколку години пред тоа претрпел тежок случај на пневмонија кој неколку недели не бил дијагностициран и нелекуван. На крајот завршил на интензивна нега и верува дека додека бил таму, доживеал искуство на блиска смрт.

„Немаше ништо ни приближно на возбудливо во тоа што претстоеше. Всушност, немаше ништо. Ни светлина, ни надеж, ништо. Само мрак и осаменост. Немаше болка, само мрак, екстремна ранливост и ништо друго. Не беше дури ни одбивно или страшно, само бесконечна тага и празнина. По извесно време на интензивна нега, животот пак ми се врати, а тоа веќе беше сосема поинаква работа – научив дека чувството на болка всушност е добар знак, нешто што припаѓа на живите и ви посакува добредојде назад во животот. Всушност, имам многу пријатно сеќавање за тоа, иако беше ужасно. Но, барем `ужасното` постои. Врз основа на ова искуство, тежнеам да мислам дека по завршувањето на нашиот живот, нема ништо друго.“

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено