Продажбата на поврзаната „паметна тексас јакна“ на Levi’s започна пред три недели, но извршниот директор Чип Берг изјавил дека веќе работи со Google на верзија 2.0 од платформата на проектот Jacquard платформа.

На конференцијата во живо тој изјавил дека би сакал новата облека да има уште поголема функционалност. Чип рекод дека доколку иднината нема потреба од екрани, тогаш тоа ќе се вклучи во следната соработка на Levi’s и Google.

Берг покажал неколку можности на моменталната јакна на Google, на сцената. Со допира на ракавот го добил точното време, а со друг допир добил навигациски насоки. Јакната користи проводни влакна, кои биле развиени како дел од проектот Jacquard, на групата за „Напредна технологија и производи“ формирана од Google. Таа е наменета пред се како јакна за велосипедисти, така што тие нема да имаат потреба да погледнат во екранот додека возат. „Дојдовме до решение за луѓето да не носат телефони од џебот“, изјавил Берг.

Чип изјавил дека ова е само почеток и дека нивната цел е оваа технологија да се најде во што е можно повеќе парчиња облека. Му било поставено и прашањето дали новата јакна ќе има гласовен интерфејс, но тој одговорил дека „влакната сè уште не слушаат.“

„Треба да го почитуваме нашето минато“, рекол Берг во врска со наследството на Levi’s. „Но исто така ние мора да ставиме една нога самоуверено во иднината со иновации.“ Моментално цената на јакната во САД изнесува 350 долари.

Сподели на Facebook
пати видено