Лекар од Њујорк, помогнал на двојка да има бебе од користејќи ДНК од три лица. Неговите клинички испитувања со цел да ја тестира техниката ќе престанат откако така одлучила американската администрација за храна и лекови (АХЛ).

Минатата година, Џон Жанг, основачот на Центарот за плодност Нова Надеж, беше пионер во новиот тип на ин витро оплодување, кој вклучува пренесување на ДНК од мајчиното јајце во издлабено јајце донирано од помлада жена. Но, неговата работата ја прекршува федералната легислатива која забранува вградување на генетски модифицирани ембриони, па по оплодување на јајцето со спермата на таткото, Жанг замина во Мексико, каде што го вметна ембрионот во мајчината утроба. Здраво машко бебе беше родено во април 2016 година.

Тогаш АХЛ му испратиле строго формулирано писмо во кое вели дека мора да престане да ја промовира техниката во САД. Потегот е знак дека федералната влада презема цврста линија против развојот на технологии за генетички модифицирани бебиња, дури и во случаи каде што би можела да се спречи сериозна болест.

Модифицирањето на ембрионите за истражување не е нелегално според законот на САД се додека федералните средства не се користат за извршување на работата. Но, имплантирањето на таков ембрион во утробата на жената, така што бебето може да се развие, е забрането. Во писмото на АХЛ, исто така, пишувало дека Џон немал дозвола за извоз на модифицирани ембриони.

Техниката на Жанг за прв пат била испробана на жена која можела да пренесе сериозна невролошка болест на нејзините деца. Жената и нејзиниот сопруг претходно имале две деца кои починале од состојбата, наречена Leigh синдром, која што е предизвикана од дефект во митохондриите. Како резултат на постапката, жената родила дете кое технички има три генетски родители, бидејќи здравите митохондрии во донираното јајце си имале своја ДНК.

Сличен третман беше одобрен во Велика Британија кон крајот на минатата година, но само кога има многу висок ризик двојката да има дете со опасни по живот генетски болести. Клиниките кои сакаат да ја изведат постапката мора прво да добијат лиценца од владата на Обединетото Кралство.

Сподели на Facebook
пати видено