Рано наутро на 24.03.1849 година во поштата во Филаделфија пристигнала пратка за членовите на Anty-Slavery Society (општество од луѓе кои се борат против ропството во Америка). Кога останал сам еден од вработените во поштата,случајно тропнал на кутијата и запрашал: „Се ли е во ред таму?„. Од внатре се чул глас кој одговорил „Се е во ред„. Запрепастен вработениот веднаш ја отворил пратката и одвнатре се појавил триесет годишниот афроамериканец Хенри Браун.

Верувале или не тој успеал да се спасил од ропството, патувајќи по пошта. Од тој ден тој бил познат како Хенри „Бокс“ Браун (од англиски: box – кутија) и имал неверојатна приказна за раскажување. Хенри Браун или познат како Хенри “Бокс” е роден во 1815 година во Vrigina и првично бил роб на градоначалникот на Ричмонд, Џон Барет. Џон добро се однесувал со своите робови, како што подоцна изјавил Хенри во неговата автобиографија.

Но, кога паднал на смртна постела, Џон го повикува Хенри и неговата мајка и им кажува дека по неговата смрт тие ќе бидат робови на неговиот син Вилијам и мора да ги следат неговите наредби. Тој ги уверил дека Вилијам, исто така ќе се однесува добро со нив како што се однесувал и Џон. Она што Џон Берет го оставил како наредба по неговата смрт било, целото семејство на Хенри да биде распределено меѓу синовите и така робовите биле одвоени еден од друг. Тогаш Хенри имал 15 години.

На 21 година Хенри се вљубил во Ненси, која исто така била роб на банкарот Лејк. Во тоа време робовите морале да бараат дозвола за да се венчаат меѓу себе, па така младите Хенри и Ненси разговарале со господинот Лејк, кој не само што им дозволи да се венчаат, туку и ги уверил дека нема да дозволи никој да ги раздели. Сепак, само една година откако станале семејство, Лејк го погазил ветувањето и ја продал Ненси. Во меѓувреме, таа и Хенри веќе имале три деца, а Ненси очекувала четврто дете.

Хенри дознал по некое време дека неговата сопруга била испратена на пазар на робови и била продадена на друг маж. Ненси заедно со децата се придружила на група од 350 робови кои очекувале да бидат испратени на местото каде што биле купени. Иако се обидел да ја спаси својата сопруга и децата, Хенри не успеал во таа намера.Само можел да ги гледа како влегуваат во вагоните за Северна Каролина. Од тој ден Хенри никогаш повеќе ја нема видено својата сопруга и своите деца.

Откако го изгубил своето семејство, Хенри одлучил да се бори за својата слобода. Успеал да се поврзе со неколку слободни Афроамериканци, вклучувајќи го и Џејмс Ентони Смит. Хенри му понудил половина од својата заштеда за да учествува во неговото бегство. Смит се согласува лично да испрати кутија, во која Хенри заедно со кутијата како пратка требало да стигнат до Филаделфија.

Со остатокот од парите кој успеал да ги заштети, Хенри ангажирал некој да ја направи кутијата. Кутијата имала само три многу мали дупки внатре за да му дозволи да дише, а од горната страна имало натпис „Од горната страна внимателно ја носите“. Утрото на 23 март 1849 година, Хенри влегол во кутијата и Смит ја однел во поштата. Натписот не бил препознаен од никого, па кутијата често била вртена и превртувана од страна на вработените, поради што за малку не настрадал Хенри. Поминал 27 часа во кутијата за да ја добие својата слобода. Не е изненадувачки, кога кутијата била отворена во Филаделфија тој се обидел да излезе и веднаш се онесвестил. Приказната за спасувањето на Хенри не смеала да се шири за да не биде баран од сопственикот.

Бидејќи легално се уште бил роб, тој сфатил дека не може да остане на место на кое секој ловец на робови може да го фати и да го продаде, затоа во октомври истата година Хенри се упатил кон Англија. Таму повторно се оженил, па во 1875 година повторно се вратил во Америка со својата нова сопруга и ќерка. Во Америка семејството на Хенри опстојувало играјќи драми каде што главната личност е „човекот во кутијата“. Последната претстава е опишана во весниците во Онтарио на 26.02.1889. Никој не знае што се случило со него потоа. Датумот и местото кога починал се исто така непознати.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено