– Како си бе, Гоце? Се стабилизира ли по разводот?
– Веќе сум супер… Првите три недели ќе пукнев од радост…

– – – – – – –

– Што ќе пиеш?
– Имам дечко!!!
– Јас сум келнерот ма, шмизло!

– – – – – – –

– Жена ми по цел ден оди низ дома како од мајка родена…
– Гола ли?!
– Не… вреска…

– – – – – – –

– Душо, си забележала ли си дека најголемите идиоти имаат најубави жени?
– Фала на комплиментот!

– – – – – – –

Чисто гола жена влегува во бар. Порачува си пиво, а шанкер ја гледа со чудење.
Таа:
– Што е бе, никогаш ли не си видел гола жена?!
Шанкерот возвраќа:
– Не, само се чудам како ќе платиш…

– – – – – – –

– Банките не се виновни за алчноста на луѓето…
– Тогаш обвинет, зошто ја ограби банката?
– Тие почнаа први!

– – – – – – –

Жена ми вика:
– Сонце, ми пораснал стомакот. Да не сум бремена?
А јас:
– Јас дури и знам кој е таткото – слаткарницата „Малага!“

– – – – – – –

Жена ми пак ме малтретира:
– Драги, кажи ми – не ли сум најубавата жена на светот?
– Најубава си… дури и повеќе од неа!
– Колку повеќе? – Се лигави таа.
– Па-а-а… околу 50 килограми повеќе.

– – – – – – –

Корпа на годината:
– Душо, сакаш ли да си сонцето на мојот живот?
– ДА! ДА! ДА!
– Тогаш биди на 152 000 000 километри од мене!

– – – – – – –

– Па, како беше во Лондон? Имаше ли проблеми со англискиот?
– Немав. Англичаните имаа.

– – – – – – –

– Мажу, одам до комшивката на 5 минути. На секој половина час мешај ја манџата…

– – – – – – –

– Мојата жена без шминка е многу страшна. Не веруваш? Еве слика.
– Ама тоа не е твојата жена? Ова е слика на преплашена мечка.
– Жена ми без шминка ја сликала…

– – – – – – –

– Што вели жена ти, кога сака се*с?
– Дека сака се*с…
– А ти што велиш, кога сакаш се*с?
– Дека ќе задоцнам после работа…

– – – – – – –

– Драги, имам една добра и една лоша вест. И можам да ти ги соопштам истовремено.
– ???!!!
– Ми дојде…

– – – – – – –

– Мојот син веќе свири втора виолина…
– Оооо, браво…
– Првата му ја скршив во главата!

– – – – – – –

– Мамо, како успеваш да живееш без јадење?
– Што зборуваш? Јадам како и секој човек.
– Го слушнав тато како ти вели дека после свадбата веќе не голташ.

– – – – – – –

На задното стакло на автомобилот пред мене видов натпис:
– Јас сум ветеринар, затоа возам како ѕвер!
И одеднаш сфатив дека на патиштата има страшно многу гинеколози…

– – – – – – –

– Тато, дали ти на 10 години имаше Фејсбук?
– Не сине, имав вошки!

– – – – – – –

Кочански мафијаш ѝ се пушта на аптекарка:
– Јас ќе пијам аспирин, а ти што ќе се напиеш?

– – – – – – –

– Престани, гледам дека не си мртов! Ноздрите ти се движат од дишењето. И каде велиш се движи нашата врска?

Сподели на Facebook
пати видено