– Зошто си ја трескаш главата, во депресија ли си?
– Не, во Македонија!

– – – – – – –

– Како се вика брат му на Одисеј?
– Одикопај.

– – – – – – –

– Зоки има 5 јаболки, Иво има iPhone, iPad и iMac.
– Кои јаболки ќе ги предпочита Марија?

– – – – – – –

– Здраво другар, си се вратил од Лондон. Имаше ли некакви потешкотии со твојот англиски?
– Јас не, но Англичаните да…

– – – – – – –

Кај современите жени фразата:
– „Сакам да имаме секс”, обично звучи вака: – „Лелеee, како сум се напила…“

– – – – – – –

– Што прави манекенка прва работа наутро?
– Се прибира дома.

– – – – – – –

Во Скопје 90-60-90 означува возење во град со поминување крај полиција.

– – – – – – –

– Тато јас сум од Земјата на чудата и сум крал, нели?
– Не сине… ти си од Кисела Вода и си наркоман…

– – – – – – –

Ако рано наутро се крене маглата, тоа е добра знак, значи денот ќе биде убав. Истото важи и за некои други работи.

– – – – – – –

Се среќаваат две комшивки:
– Комшивке, се враќам од салон за убавина…
– Затворено беше, нали?

Сподели на Facebook
пати видено