Во детски парк до клупата на којашто седат мајките дотрчува едно дете:
– Мамо, мамо, оние деца таму му рекоа дека сум бил многу грд.
– Нели ти реков, пред луѓето да не ме викаш мамо!

– – – – – – –

Бабата го прашува внучето:
– Кажи сине, како му беше името на оној мажот, што ми го зеде паметот?
– Алцхајмер бабо, Алцхајмер!

– – – – – – –

– Докторе, има ли резултати, умирам од љубопитност.
– Не само од љубопитност…

– – – – – – –

– Душо, прости ми! Не знам што ми стана.
– Ништо, ти простувам! Чекај, не го јади тоа! Сега ќе зготвам нешто друго…

– – – – – – –

Двајца лекари го гледаат пациентот и тивко си шушукат:
– Што ќе кажеш колега? Ќе го лекуваме ли… или да го оставиме да живее…

– – – – – – –

– Што е тоа што има четири нозе и една рака?
– Доберман на во детски парк…

– – – – – – –

Жената го прашува мажот:
– Драги, што да ѝ подариме на мама за Нова Година?
– Една недела полн пансион во Алепо!

– – – – – – –

– Знаеш ли зошто глувите не добиваат подароци за Нова Година?
– Зошто?
– Затоа што не слушале во текот на годината…

– – – – – – –

Зошто бабичка си прави профил на Фејсбук?
За да може по бројот на лајкови да си одбере слика за споменикот.

– – – – – – –

– Беше ли на психијатар? Како помина?
– Еј, да беееее… психијатароооот?!
– Што, заборави ли да отидеш?
– Не, заборавив да направам дупки на капакот на багажникот, за да дише…

– – – – – – –

– Брат, има ли пингвини високи метар и шеесет?
– Не.
– Срање… сум прегазил калуѓерка!

– – – – – – –

– Зошто возиш пијан?
– Жена ми роди.
– А, зошто има труп во багажникот?
– Од него роди…

Сподели на Facebook
пати видено