Бебешкото смеење е едно од најубавите и најзабавни нешта кои можеш да ги слушнеш… освен ако не е во 3:00 ноќе, а ти си сам дома… и немаш дете…

– – – – – – –

– Верувате ли во живот после смртта?
– Докторе, не ми се допаѓа почетокот на нашиот разговор!

– – – – – – –

– Како се врати синоќа преку Чаир?
– Најнормално. Телефонот и така и така мислев да го сменам, а и овие два заба слабо ги користев…

– – – – – – –

Маж му се јавува на матичниот лекар и вели:
– Докторе, ако можете да дојдете кај нас дома, имам чувство дека жена ми е умрена…
– Зошто мислите така?
– Па, сексот си е како порано, но во кујната почнаа да се трупаат неизмиени садови…

– – – – – – –

– Душо, ако некогаш те изневерам, ќе ми простиш, нели?
– Се разбира, бејби! Постхумно!

– – – – – – –

Ајде да јадеме деца! Ајде да јадеме, деца! – Користи запирка! Спаси живот!

– – – – – – –

30 жени одат со автобус на екскурзија, се случува катастрофа и сите 30 умираат. На нивниот погреб 30 мажи со црни костуми, застанале и сите плачат. Еден од нив најсилно плаче.
Поп вели:
– Ајде сега една минута молчење за починатите!
Овој пак продолжува да рика, еден го шиба со лактот:
– Доста плачеш бе, и нашите умреа, што си се нажалил толку?
– Не бе, јас не плачам за тоа… Мојата го испушти автобусот!

– – – – – – –

Еден човек се обесил во Музејот на современа уметност. Го симнале по две недели…

– – – – – – –

Еден мој пријател – психолог ми рече:
– Напиши им писма на оние луѓе кои ти завидуваат, и на оние што те мразат, и на оние што те малтретираат… Потоа изгори ги!
Јас го направив тоа. Сега не знам што да правам со писмата…

– – – – – – –

Не можам да го разберам овој биатлон! Како може да имаш пушка и да стигнеш втор?!

– – – – – – –

Некаде во Чернобил:
– Една порција свински крилца, ве молам.

– – – – – – –

– Што е љубов?
– Љубов е кога гледаш како саканиот човек спие на каучот и си мислиш: „Да фатам да го убијам гадот…“ и се одложуваш, и одложуваш…

– – – – – – –

Трајко и Стојна отишле со запрежната кола да косат сено. На враќање Стојна вели:
– Трајко, Трајко, виде ли како помина еден велосипедист без глава?
– Доста мори, не треси глупости!
По кратко време пак:
– Трајко, Трајко, уште еден велосипедист без глава.
– Дојди ваму ти вози, јас да гледам да видам какви се тие велосипедисти без глава.
По кратко време навистина поминува еден велосипедист без глава.
– Леле Стојно, колку пати сам ти кажал да ја ставаш косата со рачката нанадвор?!!

– – – – – – –

Во фризерски салон:
– Госпоѓице, многу сте убава… Слободна ли сте вечерва?
– Немам поим! Прашајте го маж ми, тој во моментов ве бричи.

Сподели на Facebook
пати видено