– Сине, како одат работите на училиште?
– Мамо, важно е да сме здрави и живи.

– – – – – – –

Македонија – земјата во која со ајфонот си светиш во полскикот клозет.

– – – – – – –

На соседната маса во кафетеријата седи некој маж и едноставно си пие кафе. Без телефон и без таблет… Каков психопат!

– – – – – – –

Живеам на 100 метри од аеродромот, точно до железничката станицата…
Сеуште не ми е јасно зoшто си купив бесшумна перална?

– – – – – – –

Ако љубовта е слепа зошто убавата долна облека е толку популарна?

– – – – – – –

После Марс научниците од НАСА открија вода и во македонското собрание. Ама гола.

– – – – – – –

– И како заврши скандалот со жена ти?
– На крај мораше да доползи на колена до мене и да ми рече: „Излегувај од под креветот ми помина лутината!“

– – – – – – –

– Што мислите за кризата со бегалците?
– Абе тие бегалците ги поминаа сите граници!

– – – – – – –

– Душо, ќе играме ли криенка?
– Да, но ако те најдам, ќе има секс!
– Добро, ако не ме најдеш, зад вратата сум.

– – – – – – –

– Столе, си бил ли ти во Охрид?
– Абе, сум бил, ама сум бил многу мал и ништо не се сеќавам.
– Е мал, колку мал си бил па да не се сеќаваш?
– Па… натаму одев со тато, а на враќање со мама!

– – – – – – –

– Комши, зошто си напишал на гаражата „паркинг за хомосексуалци?“
– Сега веќе никој не паркира таму…

– – – – – – –

На дискотеките почнаа да им паѓа прометот! Спонзорушите сфатија дека еден трактор чини колку 4 Мерцедеси S-класа!

– – – – – – –

Вести на телевизија во подоцнежните часови:
– Минатата ноќ жена ограбила секс шоп. Судејќи според украдени предмети, жената била сама. Долги години сама…

– – – – – – –

Докажано е дека од комбинацијата мрзеливост и логика се добива програмер.

– – – – – – –

Тропнала смртта на вратата на Чак Норис. Тој отворил и прашал:
– Кој ви треба?
А смртта збунета почнала:
– Коледе леде, паднало греде…

– – – – – – –

– Еј брат, зезнав едно такси!
– Како бе?
– Го запрев, не се качив и избегав, а му платив!

– – – – – – –

Рамче вика под прозорецот на гинекологија:
– Фато, роди ли ма?
– Родив Рамче, три машки!
– А од мене има ли ма?

Сподели на Facebook
пати видено