Фаренхајт 451 е дистописки (спротивно од утописки) роман од Реј Бредбери, издаден 1953 година. Романот говори за американското општество, во кое во иднина книгите и критичкото размислување се забранети. Во ова општество постојат „пожарникари“ кои бараат и горат книги. Името на романот е алузија на температурата на палење на хартијата. Роман претставува критички осврт на авторот на најважните прашања во американското општество во времето кога е напишан.

Сподели на Facebook
пати видено