Виножитото е оптички и метеоролошки феномен кој предизвикува светлинскиот спектар од сончевите зраци да се појави на небото поради прекршување на светлината низ ситни капки вода во атмосферата. Прекршувањето предизвикува создавање на повеќебоен свод на небото, со црвената боја најгоре, а виолетовата најдолу. Виножитото обично се појавува после дожд и се состои од 7 бои: црвена, портокалова, жолта, зелена, светло сина, темно сина и виолетова.

Сподели на Facebook
пати видено