– Ве молам господине, половина час ја држите слушалката и молчите. Дајте јас да се јавам, додека се одлучите…
– Бидете културни ве молам, разговарам со жена ми.

– – – – –

Испрати и на споругата цвеќе на работата – анонимно. Ако се врати без нив дома, значи не ти е верна.

– – – – –

– Што значи 90-60-90?
– Возење во градот, со поминување крај полицајци…

– – – – –

– Зошто во арапските земји не се пие алкохол?
– Инстинкт за самоодржување. Замисли си да се испијаниш и кога си одиш дома да те пречекаат десет жени со сукала!

– – – – –

Женска народна мудрост:
– Она на што не се сеќавам, не се случило!

– – – – –

– Имам чувство дека жена ми ме мами. Да ја одведам ли на гинеколог?
– И што ќе види гинекологот – листа на посетителите ли?

– – – – –

Единствената невидлива сила во која верувам е Wi-Fi.

– – – – –

– Деца, денес ќе ја учиме буквата „К“. Кој ќе каже збор со оваа буквичка?
– Не Зоки, ти не! Уште не си го довел татко ти за буквата „П“!

Сподели на Facebook
пати видено