Почитувани блогери, корисници на форуми и новинари. Уморен сум. Си заминувам. Вашиот мајчин јазик – македонскиот.

– – – – – – – –

Прашање: Зошто жените ја пресолуват салатата кога се во циклус?
Одговор: Бидејќи е така! Ако не ти се допаѓа, направи си ја сам! И така не ме сакаш!

– – – – – – – –

Таа беше толку грда што кога се родила, докторот прв заплакал…

– – – – – – – –

Танцувам со неа синоќа, ја пуштам раката под нејзиното здолниште. Чувствувам дека ме сака!
– Како сфати?
– Хм… како да ти објаснам… Си хранел ли некогаш коњ со рака?

– – – – – – – –

– Комшија, вашето куче брка некој човек со велосипед!
– Нема шанси, тоа не е нашето куче! Тоа не знае да вози велосипед!

– – – – – – – –

Интересно е какви статуси ќе имаме кога ќе остарееме: „Ура! Денес ја зедов пензијата! Честам по еден Дијазепам!“.

– – – – – – – –

Бракот е како граната – ја тргаш алката и… станот ти го нема.

– – – – – – – –

Националниот фудбалски тим е како македонската политика – секој некадарен може да учествува во него…

– – – – – – – –

Фолк пејачката Голубица стапи во контакт со хакерите и постојано ги молби да и ги украдат разголените фотографии…

– – – – – – – –

Македонското судство е како Windows-от – постојано се надградува, а промена – нема…

– – – – – – – –

Германец се фали: – Мојата жена е како лавица во креветот.
Французинот: – А мојот е како пеперутка.
Македонецот: – И мојата не личи на човек…

– – – – – – – –

Во Сомалија за кражба сечат раце и нозе. Во Македонија никој не може да го замисли тоа… Влезот на собранието нема патека за инвалидски колички.

Сподели на Facebook
пати видено