Постоеше еднаш еден крадец по име Артур Бери. Тој беше необичен крадец. Крадеше накит и уметнички дела во времето на 90 тите години и стекна меѓународна репутација како веројатно најистакнатиот крадец на накит на сите времиња.

Всушност, Артур стана сноб, почна да ги одбира „клиентите“, не крадеше од било кој – не Артур Бери. За да „посети“ некого не му беше доволно да има пари и накит, туку „домаќинот“ мора да биде дел од елитата. До некој степен стана статусен симбол да бидеш „посетен“ и ограбен од овој „елитен крадец“. Тоа чуство, предизвикуваше многу невољи во полицијата.

Една вечер Бери беше фатен за време на кражба и беше погоден 3 пати. Со куршуми во своето тело, парчиња од стакло во очите и патејќи од големи болки, тој даде неочекувана изјава: „Никогаш повеќе нема да го правам ова“. Тој сепак успеа да побегне и следните три години остана надвор од казнените институции. После 3 години една љубоморна жена го издаде и Бери отслужи 18 години затворска казна. Кога излезе од затвор, Бери го одржа својот збор. Не се врати во животот на крадецот на накит. Всушност, тој се пресели во еден мал град и водеше примерен живот. Локалните граѓани се однесуваа кон него со почит.

Меѓутоа, случајно се расчу дека Артур Бери, славниот крадец на накит живее во нивната средина. Репортери од целата земја доаѓаа да направат интервију со него. Му поставуаа многубројни прашања и на крај еден млад репортер ја допре суштината на работите кога му го постави најостроумното прашање од сите. „Господине Бери“ – запрашал – „вие сте краделе од многу богати луѓе во текот на вашата кариера како крадец, но многу ме интересира дали се сеќавате на оној од кого сте украле најмногу?“

Бери без размислување одговори: „Тоа е лесно. Човекот од кого најмногу сум украл е Артур Бери. Можев да бидам успешен деловен човек и ценет член на општеството, но наместо тоа јас го избрав животот на еден крадец и поминав повеќе од две третини од својот живот зад затворските решетки.

Да, Артур Бери навистина беше крадец кој најмногу крадеше од себе.

Сподели на Facebook
пати видено