Нема сомнеж дека летото е најубавото време во годината. Топло е, има сонце, пливање, концерти на отворено и уште толку многу нешта. Но, има и нешто друго, си има свои недостатоци, како неподносливата жештина, изгорениците, и можеби најлошо од сѐ – комарците. Но, не мора да го поминете остатокот од летото очајно драпајќи си ја кожата, ниту пак ќе мора да издвоите цело богатство за медицински кремови и мевлеми за кожа. Овие 16 лекови веројатно веќе ги имате во вашиот дом

1. Средство за чистење на раце

km01

Ова ќе ги спречи инфекциите, а печењето од алкохолот ќе ви го одвлече вниманието од потребата за чењање.

2. Оцет

Cider vinegar

Оцетот ќе го запре чешањето. Најдобро помага јаболковиот оцет.

3. Кора од банана

Banana Peel

Тријте кора од банана врз кожата за да запре чешањето.

4. Фен за коса

red hairdryer

Тоа што прави да чешаат каснатините од комарци се протеините. Протеините се разложуваат на топлина, па така насочете го фенот за коса кон местото кадешто ве чеша.

5. Крем за хеморооиди

km05

Па, овој крем е антивоспалителен и против чешање, зар не?

6. Лимонов сок

km06

Киселоста дејствува антивоспалително и ја спречува инфекцијата. Но, ако го правите ова, извесно време не излегувајте на сонце, бидејќи лимоновиот сок и сонцето можат да предизвикаат плускавици.

7. Селотејп

blue scotch tape holder

Некои луѓе се колнат во овој трик, но нема некој цврст доказ дека успева. Веројатно функционира слично како ханзапласт.

8. Паста за заби

km08

Ментолот ќе ви го освежи восплаленото место.

9. Алое вера

Aloe Vera Plant

Алое верата дејствува антивоспалително и го освежува каснатото место.

10. Аспирин

km10

Столчете аспирин и со малку вода направете паста која ќе ја нанесете на каснатините.

11. Овесна каша

km11

Овесната каша има антивоспалителни својства.

12. Босилек

Green Basil Isolated on White Background

Босилекот содржи тимол и камфор, коишто го намалуваат чешањето.

13. Сода бикарбона

Close-up of baking soda in a glass jar.

Направете паста од сода бикарбона и нанесете ја на воспаленото место.

14. Лед

Three ice cubes on white background. Clipping pats.

Ледот ги намалува отоците и го отрпнува болното место, па така чешањето не е толку силно.

15. Кал

Dirt road with mud and big puddles

Калта е одлична за смирување на кожата и ги извлекува инфекциите.

16. Солена вода

 

km16

Солта го елиминира чешањето и има антисептички својства, па ако сте некаде крај море, немате грижи. Ако не сте, додадете сол во кадата или пак направете паста од сол.

Сподели на Facebook
пати видено