Во зависност од тоа колку е стара книгата и кој е авторот толку ќе биде и нејзината цена. Но цените на овие книги и ракописи не се исти со оние на саемот на книга, туку почнуваат од милионски суми. Ова се 10-те најскапи книги, почнувајќи од „најевтината“.

10. Гутенбергова Библија – 10 милиони долари

Библијата печатена во печатницата на Гутенберг се смета за првата печатена книга и во 1978 е продадена за 4.9 милиони долари, а сега нејзината вредност е околу 10,3 милиони долари. Во светот постојат 49 копии од оваа книга но не се целосни.

9. Лилјаните – 11 милиони долари

Оваа илустрирана книга насликана и напишана од ботаничарот Пјер-Џозеф Редоут во 1802 година била продадена во 1985 година за 5 милиони долари а сега благодарение на нејзината уникатност и важност вреди 11 милиони долари.

8. Кантербериски приказни – 11 милиони долари

„Кантербериски приказни“ е збирка раскази од писателот Џефри Чосер напишана во 1478 година, а била продадена во 1998 година за 7,5 милиони долари а денес вреди 11 милиони долари.

7. Птиците на Америка- 12,6 милиони долари

Оваа книга со илустрации на птици во природна големина се смета за национално богатство на Америка. Авторот на книгата е Џон Џејмс Одибон, познат орнитолог и уметник. Се верува дека има 120 копии од книгата од кои најскапо била продадена во 2010 година за 11,5 милиони долари, а сега вреди 12,6 милиони долари.

6. Книгата на псалмите- 14,6 милиони

Оваа книга е првата печатена книга во САД во 1640 година. Таа во 2013 била продадена за неверојатни 14,2 милиони долари, а сега вреди 14,6 милиони долари.

5. Евангелието на св. Катберт- 14,9

Џебното „Евангелие по Јован“ на латински потекнува од 7 век, а името го добило по св. Катберт од Линдисферн, во чиј ковчег било положено најверојатно во 698 г. Во 2012 година оваа мала книга била породадена по голема цена од 14,3 милиони долари, а сега вреди 14,9 милиони.

4. Молитвеникот Ротшилд- 19,3 милиони

Книгата е печатена околу 1500 година и има повеќе автори. Во 1999 година го држела рекордот за најскапа книга на аукција, а во 2014 била купена од Кери Стоукс за 13,4 милиони доалри, а денес нејзината вредност се проценува на 19,3 милиони долари.

3. Магна карта- 24,6 милиони

Оригиналната „Магна карта либертатум“ била потпишана во 1215 година кралот Јован под притисок на бунтовничките барони. Нејзината копија која датира од 1297 година била продадена во 2007 година на Дејвид Рубенштајн за 21,3 милиони а нејзината вредност сега изнесува 24,6 милиони долари.

2. Книга со евангелија на Хенри Лавот- 28 милиони

Енрико Лавот било името под кое бил познат Хенри XII од Баварија, кој во 1175 година ја наменил книгата за олтарот на Пресвета Богородица во катедралата Брансвик. Во 1983 година книгата била продадена за 11,7 милиони, а нејзината цена вртоглаво скокна на 28 милиони долари.

1. Кодекс Лестер- 50 милиони

Кодот на Лестер е збирка од 36 листови кои содржат нацрти и записи од самиот Леонардо Да Винчи. Ракописите датираат од 1500 година и книгата моментално се наоѓа во сопственост на Бил Гејтс кој платил 30 милиони долари за неа, а таа сега вреди неверојатни 50 милиони доалри.

Сподели на Facebook
пати видено