Си биле тројца генерали кои биле исклучително силни и храбри. Толку силни и храбри што биле премногу арогантни и никого не почитувале. Кога го запознале новиот советник на кралот наместо да го поздрават мудриот човек, тие почнале да го понижуваат и навредуваат со своите постапки и зборови. Тоа многу го налутило советникот. Тој отишол кај царот и му рекол:

„Генералите на царот мора да ги почитуваат луѓето. Сепак Вашите не го прават тоа. Денес тие ме навредуваа, утре можеби ќе Ви бидат непослушни. Немаме потреба од такви генерали.“

Царот се растажи и одговорил:

„Тоа е точно, но тие се многу силни, особено кога се заедно. Тие знаат дека не можеме ништо да направиме против нив.“

Советникот му рекол:

„Тие се силни, но ајде да видиме дали ќе бидат посилни од две праски. Испратете им две убави праски со назнака дека тие се за двајцата најдостојни меѓу нив.“

Кога пристигнале праските и генералите прочитале за кого се наменети двајцата генерали кои биле најблиску, брзо грабнале по една. Третиот генерал станал бесен и извикал:

„Како се осмелувате! Јас сум подостоен од вас! Дајте ми праска веднаш!“

Кога ги кажал овие зборови го извадил мечот и ги убил двајцата генерали. Но, веднаш потоа сфатил дека ги убил неговите пријатели поради ситница и од тага и срам се самоубил. Така, тројцата храбри генерали биле поразени од две праски.

Сподели на Facebook
пати видено