Пратеник се вози во службениот автомобил кога гледа еден човек пасе трева крај патот. Му вели на возачот да запре, излегува и го прашува:
– Зошто пасеш трева бе човеку?
– Господине, немам пари за храна.
– Па дојди тогаш кај мене во вилата, јас ќе те нахранам.
– А мојата сопруга и моите деца господине? Тие се таму под она дрво.
– Земи ги и нив.
Се качиле во автомобилот и човекот му вели:
– Многу ви благодарам за оваа добрина, не знам како да ви се оддолжам.
– Не се секирај и мене ми одговара. Ем вие ќе се најадете, ем тревникот не мора да го косам.

Сподели на Facebook
пати видено