Жената која роди неверојатно момче од 6 килограми оваа година сподели фотографии за да покаже колку пораснало „малото“ за само 7 месеци откако се појави на насловните страни. Нина Тасел, мајката на Јуда Каи вели дека нејзиниот син сега тежи околу 10 килограми и носи облека за деца постари од една година.

„Знаевме дека ќе биде голем, затоа што и останатите три момчиња беа големи кога ги родив. Но мило ми е што ен знаев колку ќе биде голем, инаку ќе ми беше страв да се породам.“, вели Нина. Јуда тежел 5,95 килограми и мерел 59 сантиметри. Но, Нина вели дека не чувствувала поголема болка од претходните породувања и за големината на Јуда станала свесна кога го измериле.

„Кога го мереа всушност сестрата го измери двапати затоа што мислеше дека вагата се расипала. Тој уште не може ниту да лази но носи облека за деца кои имаат над една година.“, изјавила Нина. Јуда сега е многу весело бебе кое ужива во друштвото на неговите браќа.

„Секој кој ќе го види вели дека изгледа сосема нормално, но кога ќе го стават до бебе со иста вораст дури тогаш сфаќаат колку е голем.“, вели таа. Како последно од нејзините четири момчиња, Нина вели дека Јуда страда од „синдром на четврто дете“, што значи дека таа не го мери опсесивно нејзиниот син, како што го правела тоа со останатите деца. „Имам четири деца под шест години, моите раце се малку полни сега.“, вели среќната мајка.

Сподели на Facebook
пати видено