Еден учител разговарал со неговиот млад ученик: „Можеш да сфатиш колку вреди еден човек доколку првин сфатиш како алчноста, задоволството и измамата коегзистираат во неговиот живот.“

Ученикот одговорил дека не ги разбрал зборовите на учителот и затоа учителот решил да го однесе момчето на пазар и побарал од продавачот на наметки да му ја покаже најлуксузната и најскапата наметка што ја има.

Тој им покажал луксузна наметка по многу висока цена.

„Тое е она што го барам. Но, би сакал да ја ивезете јаката со скапоцени камења и кожа.“, рекол учителот.

„Нема проблем, тоа е лесна работа. Јас веќе имам една таква наметка во работилницата.“, одговорил продавачот.

Продавачот се задржал во работилницата и кога се појавил пред учителот и момчето ја донел истата наметка која што претходно им ја покажал, на која што набрзина биле пришиени скапоцени камења и кожа.

„Колку чини?“, прашал учителот.

„Двапати повеќе од претходната“, одговорил продавачот.

Тогаш учителот му рекол: „Одлично! Ќе ги земам и ДВЕТЕ!“

Тогаш на младото момче му станало јасно колку може да не чини алчноста и измамата во животот.

Сподели на Facebook
пати видено